Легендата на Манчестер јунајтед го прослави првиот пораз на Ливерпул! (ВИДЕО)

фото: твитер

Гери Невил веднаш реагираше на својот Твитер профил и со еден скапоцен шампањ го проследи првиот премиерлигашки пораз сезонава на Редси…

Заврши серијата на Ливерпул од 18 последователни победи и 44 меча по ред без пораз во Премиер лигата.

Екипата од Мерсисајд беше совладан со 3:0 од составот на Ватфорд, кој пред ова коло беше рангиран на претпоследното место.

Редси го одиграа својот најслаб натпревар по подолго време и го претрпеа својот прв пораз уште од почетокот на јануари 2019 година, кога загубија со 1:2 од Манчестер сити.

Играчите на Јирген Клоп не успеаја да го подобрат рекордот на Сити за најмногу последователни победи во Премиер лигата. Двете екипи остануваат со 18 последователни триумфи.

Денешниот пораз на Ливерпул или победата на Ватфорд, како сакате, со скапоцен шампањ ја прослави легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Гери Невил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот