Легендата на Јунајтед стравува: Може 15-20 години да чекаме на титула како Ливерпул

epa01341298 Manchester United player Ryan Giggs and members of the Manchester United team celebrate with the Premier League Championship trophy after beating Wigan 2-0 in their English Premiership soccer match at The JJB Stadium, Wigan, north west England, on Sunday 11 May 2008 . EPA/RICH EATON

Ливерпул оваа година конечно го прекина постот и по пауза од 30 години ја исвои титулата во Англија. И додека на „црвените“ им тргна, на нивниот најголем ривал, Манчестер јунајтед им се „стемнува“ и сега тие се тимот кој мора да чека на шампионската титула.

Последен пат Манчестер јунајтед ја освои титулата во Англија пред седум години, но оттогаш со заминувањето на сер Алекс Фергусон во пензија, екипата не е сериозен конкурент во трката за титулата.
Легендата на клубот, Рајан Гигс стравува дека може да поминат повеќе години пред Јунајтед повторно да ја освои титулата.
Да, 100% се плашам. Можеме да чекаме 15-20 години за нова титула, посебно доколку Јирген Клоп и Пеп Гвардиола останат во Англија – вели Гигс на прашањето на поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, дали е загрижен дека Јунајтед може да го повтори шампионскиот „пост“ на Ливерпул.

– Тие имаат финансиски ресурси и одлични грачи така што мора да гледаме на Ливерпул, каде беа претходниот пат кога 1990 година ја освоија титулата и мислеа дека повторно ќе ја освојат титулата.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, е свесен дека на „црвените ѓаволи“ им е потребно време за да се вратат во трката за титулата.
Дури и на Клоп му беа потребни четири ипол години да триумфира во Премиер лигата. Потребно е време. Морате да мислите и да гледате на тоа што го направи Клоп. Секоја година го унапредуваше тимот или освојуваше трофеј како што е Лига на шампионите. На секој играч кој Манчестер јунајтед ќе го донесе се гледа како тој ќе ни помогне да ја освоиме титулата, но во реалноста не е така – додава Гигс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот