Легендата му честиташе на Меси: Добредојде во клубот 700, задоволство е да те гледам како играш

Кралот на фудбалот, Пеле, преку социјалните мрежи му честиташе на на Лионел Меси за рекордното остварување, 700. гола во кариерата со што влезе во елитно друштво.

„На Лео Меси не му треба никаква најава. Неуморен, одличен и брилијантен. Задоволство е да се гледам како играш. Добредојде во клубот на 700 гола. Ти благодарам што е вистинско уживање да те гледам како играш“, напиша Пеле.

Лионел Меси на натпреварот против Атлетико Мадрид го постигна 700. гол во кариерата со што влезе во мало елитно друштво.
Бразилската фудбалска легенда Пеле во кариерата постигна 767 гола и се наоѓа на третото место на елитната листа на која има само седум фудбалери.
Од активните играчи, освен Меси на оваа листа е и Кристијано Роналдо кој досега има 727 постигнати голови, но има и 100 натпревари повеќе од Аргентинецот.

Лидер на листата е Јосеф Бикан со 805 гола, а веднаш зад него е Бразилецот Ромарио со 772 гола. Останатите играчи кои се наоѓаат на листата е Ференц Пушкаш со 746 гола и Герд Милер со 735 постигнати гола во својата кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот