Легендата Андреа Барѕаљи го напушти Јувентус

фото: твитер

Барѕаљи доби задача за дефанзивни анализи, но сега се одлучи на заминување поради семејни причини.

Андреа Барѕаљи ги изненади фановите и одлучи да го напушти стручниот штаб предводен од Маурицио Сари во италијанскиот шампион.

Минатата сезона стави крај на професионалната фудбалска кариера, потоа се најде во тренерски води, но тоа не траеше долго.

Барѕаљи доби задача да ги води дефанзивните анализи, а сега се одлучи на заминување поради семејни причини.

Донесов животна одлука. Чувствувам дека имам потреба повеќе да живеам со семејството. Му се заблагодарувам на Јувентус – беа зборовите на Барѕаљи.

Како фудбалер ги бранеше боите на „Старата дама“ од 2011 до 2019 година, и беше дел од легендарното трио, Леонардо Бонучи, Андреа Барѕаљи, Џорџо Кјелини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот