Легендарното „Рено 4“ доби летечка верзија

Рено 4 летечка верзија
Рено 4 летечка верзија/ Фото Twitter

Ретко кој модел на автомобил е толку препознатлив како познатиот „Рено 4“.

Автомобилот кој почнал да се прави пред 60 години ја доби својата летечка верзија за овој јубилеј. Многумина го нарекувале автомобил на иднината кога првпат се појавил на патиштата во 1961 година, пишува CGNT.

Оваа летечка верзија е малку изменета. Нема тркала и има пропелери, како дронови.

Направен е од јаглеродни влакна, рачно, за да биде што е можно полесен и за да може да лета.

Се напојува со две големи литиумски батерии. Неговата брзина на крстарење била околу 90 километри на час на надморска височина од 700 метри над земјата.

Работевме заедно со компанијата „Рено“ оваа година да го одбележиме роденденот на овој модел. „Рено 4“ беше навистина легендарен модел, го сакаа во целиот свет, изјавија од компанијата „Арсенал“, која ја тестираше летечката верзија на „четворката“ на југот на Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот