Легендарниот тренер Венгер со неговите идеи би можел да го „уништи“ фудбалот

Многумина се свртеа против идеите на поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер/ фото: EPA-EFE/RUI VIEIRA

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер (71) oчигледно има една мисија, да го промени фудбалот каков што го знаеме.

Цел свет е против него затоа што дојде до идеја Светското првенство да се одржува на секои две години, а најверојатно нема да се откаже од намерата сè додека не види како фудбалерите се влечат по теренот.

Тоа не е сè, го разгледува прашањето околу офсајд, неговата автоматизација и промените во фудбалските правила. Тој воедно дојде до идеја судиите да одржуваат прес-конференции по секоја контроверзна одлука што ќе ја донесат!

– Тоа би било добар начин да се избегнат контроверзи и да се спречи приказната за нив пред да станат јавна дебата. За ова треба да добиеме поддршка од судиите, а не знам дали се подготвени да го кажат своето мислење по натпреварот – рече Венгер.

Овој негов став наиде на отпор од судиите што го слушаа, бидејќи не им беше јасно зошто треба да ги оправдаат одлуките што ги донесоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот