Легендарниот Стинг ја откри тајната за бракот долг 27 години: Случајно станав татко шест пати!

Славниот пејач Стинг (68) и неговата сопруга Труди Стајлер (66) имаат четири деца, а пејачот, од бракот со поранешната сопруга Франс Томелти (71), има уште две деца.

По 27 години брак и 37 години врска, Стинг и неговата сопруга Труди Стајлер и понатаму се заљубени еден во друг како од првиот ден.

– Знам некои работи за бракот. Со Труди се венчав пред 27 години, а многумина ме прашуваат како бракот ми се задржал толку време. Секогаш велам дека тоа е помалку чудно, но ништо не земаме здраво за готово – раскажа популарниот пејач за магазнот „Пипл“.

– Се сакаме, но всушност и си се допаѓаме еден со друг и во тоа е целата поента. Љубовта е страствена, но кога некој толку многу ви се допаѓа и сакате да бидете во негово друштво, тогаш тоа трае многу подолго – вели Стинг.

Пејачот истакна дека е во брак со својата најдобра пријателка, како и тоа дека никогаш не мислел дека ќе стане татко.

Фото: Профимедиа

 Никогаш не размислував за тоа дека ќе станам татко. Случајно станав татко шест пати, толку сум паметен. Тоа се најдобрите случајности во мојот живот и најдобрите луѓе на светот – вели Стинг, кој истакна и дека веќе има седум внуци.

Стинг смета дека ниту еден родител не е совршен, а колку и да постоеле моменти кога неговите деца биле среќни што тој им е татко, постоеле и моменти кога им било мачно поради тоа.

Англичанецот се прослави како пејач на групата „The Police“, а потоа продолжи да гради успешна соло кариера.

Иако бројни жени буквално луди по него поради неговата популарност, сепак, срцето на пејачот и припаѓа само на неговата сопруга, а со Труди има врска долга речиси четири децении, која никој не може да ја уништи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот