Легендарниот комичар Џери Сајнфилд си заминува од ТВ екраните: Не сум повеќе расположен за смеа!

Instagram

Легендарниот комичар Џери Сајнфилд како и многу негови колеги, во изолација прави планови за нови проекти. Џери престојува во својата куќа во Њујорк заедно со сопругата Џесика и нивните три деца. Пред неколку дена тој даде интервју за „The New York Times“ во кое разбуди сомнежи дека ја завршува својата кариера.

„Веднаш знаев дека оваа пандемија ќе биде гадна – чувството е како сите да бегаме кон ридот пред да удри џунамито. Но, среќа човекот е многу прилагодливо битие, а ова е само уште една работа кон која треба да се прилагоди. Би се кладел на вирусов. Можете ли да замислите колку други болести се сега љубоморни на оваа, која пред две седмици нужно и не покажува никакви симптоми“, во свој стил се изразил Сајнфилд и набргу го сменил тонот, па продолжил:

„Се обидувам и понатака да се шегувам, но ќе ви ја кажам вистината – тешко е. Се што се случува брутално боли, едноставно не сум расположен за смеа“, искрено одговорил комичарот.

За разлика од многу свои колеги, тој не снима стендап комедии додека е во својот дом.

„Не го сакам домашниот шоубизнис. Не ми се допаѓаат таквите емисии. Ги гледам и навистина е убаво што луѓето се трудат, но ја тоа не сакам да го работам. Сакам да носам одело и да бидам во гужва, ја сакам таа енергија кога сум на сцената, ја сакам таа магија. Не сакам да знам кои сте вие навистина, не сакам да видам како стварно живеете. На сите веќе им е досадно да гледаат туѓи домови, сите се толку депресивно нормални“, вели Џери.

А на прашањето дали ќе се врати на својата ТВ-кариера кога сето ова ќе заврши, тој одговорил:

„Го сакам тој вид на шоубиз, се занимавав со тоа, но тоа е веќе минато. Не ме интересира повеќе. Не сум фан на многу стари луѓе кои сакаат да бидат на ТВ“, одговорил Џери, што за многумина беше доволно да се посомневаатдека стендап специјалот „23 Hours to Kill“, кој се прикажува на Netflix ќе биде последен за комичарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот