Легендарниот голман ќе биде нов спортски директор на Јунајтед

Манчестер јунајтед е многу близу до пронаоѓање на конечно решение за функцијата спортски директор. Моментно никој не ја извршува оваа функција, туку надлежностите ги има потпретседателот Ед Вудворт, но се чини дека го најдоа вистинскиот кандидат во Амстердам.

Имено, управата на Манчестер јунајтед е заинтересирана за извршниот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар.
Холанѓанецот шест години беше голман на Јунајтед и за тоа време освои четири титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите.

Во Ајакс, Ван дер Сар пристигна во 2016 година и е еден од најзаслужните за создавањето на сегашниот тим на Ајакс, кој минатата сезона секунди го делеа од финале во ЛШ, додека во Холандија ја освои двојната круна.

Управата на Јунајтед планира во текот на месецов да започне преговори за да го натера да ја прифати понудата и да ја презеде функцијата во англискиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот