Легендарниот германски напаѓач со стил замина во пензија: Даде гол и го внесе Штутгарт во Бундеслигата

EPA-EFE/TOM WELLER

Поранешниот германски репрезентативец Марио Гомез (34) најави заминување во пензија. Гомез се прости од навивачите Штутгарт постигнувајќи гол за својот тим во последното коло од втората германска лига, а неговиот Штутгарт наредната сезона ќе игра во Бундеслигата.

– Преговарам со Реал и Барселона, а доколку тоа не успее – се пошегува Гомез со новинарите.
– Ова беше мојата последна мисија откако упрскавме се минатата сезона. Уште на почетокот од сезоната бев сигурен дека ќе одиме напред и поради тоа одлучив дека ова ќе биде мојата последна година во Штутгарт во Германија и најверојатно како фудбалер – додаде Гомез.

Марио Гомез/EPA-EFE/CHRISTIAN KASPAR-BARTKE

Гомез е еден од најдобрите германски напаѓачи во последните неколку децении, со Штутгарт во 2007 година успеа да триумфира во Бундеслигата, а потоа два пати и со Баерн Минхен со кого исто така триумфира и во Лигата на шампионите во 2013 година.

Гомез играше и за Фиорентина и Бешикташ со кого триумфира во Турција (2016), а потоа се врати во Германија играјќи за Волфсбург за крајот да го дочека во тимот во кој ја започна кариерата, Штутгарт.
Одигра 582 натпревари на кои постигна 304 гола, додека за репрезентацијата на Германија забележа 78 настапи и даде 31 гол и притоа освои светска бронза (2010) и европско сребро (2008).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот