Легендарниот фустан на принцезата Дијана кој го одбележа нејзиниот развод од принцот Чарлс и ја занеме јавноста! (ФОТО)

принцеза дијана
Фото: Profimedia

Фустанот на принцезата Дијана од Мет галата во 1996 година привлече неверојатно внимание, а за истиот се зборува и ден денес.

Овогодинешното елитно случување Мет гала, нема да се одвива поради пандемијата од коронавирусот и е одложено на неопределено време.

Profimedia

Сепак, претходните години многу славни дами со своите креации оставија трага во модната историја, а една од нив е дефинитивно принцезата Дајана и нејзината тоалета од 1996 година.

Во прашање не беше обичен фустан – сензуалноста со која принцезата тогаш зрачеше беше вистинскиот чекор кон нејзиниот нов пат после разводот од принцот Чарлс.

Profimedia

Таа се појави во темносин, благо деколтиран фустан направен од креативниот директор на модната куќа Диор, Џон Галијани. Свилениот фустан украсен со чипка помалку асоцираше на ноќница, па нејзиниот моден избор беше навистина впечатлив. Таа година се славеше работата на Кристијан Диор, но освен фустанот таа одбра и чанта од Диор во темно-сина нијанса, а на нозете носеше црни салонки и накит со сафири.

Profimedia

На ова случување му претходеше јавното признание на Чарлс за врската со Камила Паркер Боулс, но и разводот од принцезата Дијана, така што овој фустан беше нешто потполно поинакво од нејзиниот вообичаен моден стил. Тогаш коментарите беа дека овој фустан е јасен знак за ослободувањето на Дијана од различните стеги, но и нејзина мала освета кон сопругот. Од Чарлс таа официјално се разведе во август 1996 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот