Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio

Легендарниот Фелипе Мело објави крај на кариерата на 41 година

Бразилскиот ветеран Фелипе Мело на 41-годишна возраст објави дека ја завршува својата кариера.

Фудбалерот од средниот ред фудбалот ќе го памети по неговиот темперамент, но и груби стартови кон противничките фудбалери.

„Денес завршувам едно големо поглавје од мојата кариера. Беа тоа неверојатни години, полни битки и победи, но пред се тоа беа години во кои гледав како Божјите намери се исполнуваат на секој чекор. Се што направив беше водено со Негова рака, вечно сум што благодарен што можев да го правам она што го сакам“, стои меѓу другото во неговата порака.

Кариерата Мело ја започна во 2001 година во Фламенго и во наредните години настапуваше за: Крузеиро, Гремио, Мајорка, Расинг, Алмерија, Фиорентина, Јувентус, Галатасарај, Интер, Палмеирас и Фламиненсе кој беше негов последен клуб.

Најмногу натпревари одигра во Палмеирас (217), потоа за Галатасарај (154), Флуминенсе (104) ии Јувентус 79. За репрезентацијата на Бразул настапи на 22 натпревари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Felipe Melo (@felipemelo)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот