Легендарниот актер се откажува од романтичните комедии: Премногу сум грд и дебел за да глумам

Фото: EPA

Славниот актер Хју Гран рече дека не сака повеќе да се појавува во романтични комедии, бидејќи веќе е стар и грд.

– Премногу сум стар, грд и дебел за и понатаму да прифаќам такви улоги и поради тоа сега правам некои други нешта – рече Грант.

Во интервју за американските медиуми, Грант рече дека би сакал да се проба и во другите жанрови.

-Требаше да донесувам интересни одлуки и да правам поинакви работи. Наместо тоа, јас се повторував во речиси идентични улоги, веројатно 17 пати по ред – вели актерот.

Хју Гран во својата кариера глумеше во 15 романтични комедии, а последен пат глумеше во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот