Легендарната Софија Лорен по 11 години се враќа на филмското платно!

Profimedia

Италијанската актерка, Софија Лорен, се врати на филмот по пауза од 11 години. Лорен (86) ќе глуми во драмата на Нетфликс „Животот напред“, во режија на нејзиниот син Едоардо Понти.

Софија ќе ја толкува Мадам Роза, Еврејка, која откако го преживеала холокаустот, се грижи за децата на починатите сексуални работници со кои некогаш работела на улиците. Таа развива нежно пријателство со Момо, дванаесетгодишното сираче од Сенегал, кое се обидува да ѝ ги украде свеќниците, пишува „Гардијан“.

Profimedia

Филмот ќе има премиера во октомври во Рим, а потоа ќе биде достапен на Нетфликс.

Лорен изјавила дека „ја зграпчила шансата“ да ја игра Роса, која ја потсетила на нејзината мајка. Претходно има работено со нејзиниот син двапати. Последен пат во „Помеѓу странци“ во 2002 година.

Profimedia

Едоардо е нејзин син од бракот со режисерот Карл Понти, со кого беше во брак од 1966 година до неговата смрт во 2007 година.

Лорен го освои првиот Оскар во 1961 година за „Две жени“, а потоа и почесен во 1991 година за „кариера богата со незаборавни претстави кои имаат трајно уметничко влијание“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот