ВИДЕО | Легендардната „Ако умрам, ил загинам“ на Јонче Христовски дел од новиот албум на „Црвена Јабука“

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Песните на Јонче Христовски изобилуваат со изворен македонски народен звук и ритмика и силен македонски патриотски дух на љубов кон Македонија, но и кон животот, песната, љубовта. Создаде сопствен интерпретативен стил, препознатлив и комуникативен со публиката. Најзапаметени меѓу народот ќе останат неговите сценски настапи со фрлање на палтото на земја, бакнување на земјата и боемскиот мераклиски начин на живот отсликан во неговите изведби на песните.

Петнаесет нови песни со ретро звук потсетуваат на „Црвена Јабука“ во нејзините најдобри денови. Како и секогаш, темата на песните е љубовта, а на многу од нив се провлекуваат контурите на Сараево. Новиот студиски албум „Нека нова јутра“ на Црвена јабука конечно е пред фановите. Најавен со насловната песна и спот, овој албум го разбуди медиумскиот интерес на целиот регион.

Албумот содржи и преработка на големиот хит на Нови фосили – „Тонка“, која Жера ја отпеа во спомен на големиот композитор и пријател Рајко Дујмиќ и Марио Пејиќ, а она што особено ќе им се допадне на фановите во Македонија е песната „Ако умрам, ил загинам“, напишана од Јонче Христовски, која во оваа прилика Жера маестрално ја отпеа.

И овој албум, како и дузина претходни на „Црвена Јабука“, е во издание на најголемата дискографска куќа во регионот – Croatia Records. Автор на повеќето песни е Мирко Шенковски Џеронимо кој заедно со Дражен Жериќ Жера и Ларис Пашалиќ ги потпишува и сите аранжмани на песните.

Покрај Џеронимо, авторскиот тим го сочинуваат: Дино Мухаремовиќ, Фадил Бутуровиќ, Драгана Кајтазовиќ-Шенковски, Мирза Хамзакдиќ Харо, Амир Мисирлиќ и Златан Фазлиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот