ЛЕГЕНДА: Родман мислел дека оди во Јужна, а заврши во Северна Кореја

фото: Twitter

Еден од најдобрите дефанзивци во историјата на НБА лигата, Денис Родман, кој во кариерата има пет шампионски титули во НБА лигата, во последните неколку години беше во центарот на вниманието на јавноста со посетите на Северна Кореја.

Денис Родман дури сега открива дека посетите во 2013 и 2014 година на Северна Кореја започнале како грешка на неговиот агент, а тој во интервју за „Јаху спортс“ открива детали од посетите но и дружбата со Ким Јонг-Ун.

– Добро се согласувавме, комунициравме поради спортот. Никогаш не сум ја следел политиката, и затоа не знам ништо за неа, за војните прашања, за проектилите и нуклеарните ракети. Никогаш со Ким не разговарав за тоа, единствена тема на која зборувавме беше спортот и тој тоа го обожуваше – објаснува Родман.

фото: Twitter

Првото патување на поранешниот кошаркар на Детроит пистонс, Чикаго булс, ЛА лејкерс и на Сан Антонио спарс беше во февруари 2013 година. Интересно е тоа што патувањето беше погрешно испланирано и Родман завршил во погрешна земја. Родман откри дека требало да одигра ревијален натпревар и да потпише неколку автограми, но во Јужна Кореја. Неговиот агент Дарен Принс ја започнал организацијата на патувањето тој не знаел дека постои разлика помеѓу Северна и Јужна Кореја. Но, кога неговиот агент, Стив Сајмон, сфатил дека е направена грешка, настанал голем проблем.

– Ме погледна и ми кажа: Идиоту! Ти зборуваш за Јужна Кореја. Дај да го погледнам договорот. Му го покажав и навистина видов дека пишува Пјонгјанг, Северна Кореја. Сајмон потоа ми кажа: Не може да се прати Денис Родман во Северна Кореја, знаеш ли за каква држава станува збор? – објаснува Родман.

Тој не сфатил каде одат се додека не слетале во Пекинг, Кина. Тогаш член од тимот кој патувал со него, почнал да му објаснува: „Никој ништо не ми кажа за Северна Кореја. Мислев дека треба да одиме да одиграме ревијален натпревар и да поделиме автограми. Испаднав слепец.

Сепак, Родман одлучи да го почитува договорот и заминал за Пјонгјанг каде на аеродромот го пречека војска, а на пистата имаше црвен тепих. Тогаш почна да сфаќа за што се работи, каде дошол, и почна да го менува мислењето. Не сакаше да настапи на ревијалниот натпревар.

– Кога седев на клупата, од трибините се симнаа луѓето на Ким во црни одела и ми кажаа: Ве молиме, ќе сакате ли да дојдете со нас? Помислив дека ќе одам во затвор поради тоа што го направив во САД – открива Родман.

Тој ги следел луѓето кои го однесе до стол на трибините со поглед на кошаркарскиот терен. Седна на столот и се препотуваше поради неочекуваната ситуација.
– Оддеднаш се слушна бучно навивање. Луѓето на трибините станаа се свртеа кон мене. Помислив дека ме поздравувааат и почнав да им отпоздравувам, а тогаш се свртев во лево и видов како ми приоѓа низок, мал човек – вели Родман.

фото: Twitter

Тој низок, мал човек беше Ким Јонг-Ун кој седна веднаш до Родман и преку преведувач го праша поранешниот НБА кошаркар како се чувствува.
– Јас и понатаму не знаев што се случува. Не знаев зашто сум тука, а тој започна да зборува за мојата кошарка – открива петкратниот шампион.

Претседателот на Северна Кореја е голем навивач на Чикаго булс и обожувал да го гледа Родман како игра заедно со Мајкл Џордан и со Скоти Пипен.

– Не знаев кој е тој човек, но сепак седевме и разговаравме како да се знаеме со години. Детално зборувавме за Чикаго и за „биковите“, а потоа ми постави едно прашање: Денис, еден ден би сакал да дојдам во САД. Дали ќе ме однесеш? Тој ми велеше дека сака да ја посети најславната арена „Медисон Сквер Гарден“ и да гледа НБА натпревар – објаснува Родман.

Родман потоа уште три пати ја посети Северна Кореја иако неговите авантури не беа добро примени во САД.
– Го сакам, мислам дека е одличен – изјави Родман по едно од патувањата притоа додавајќи дека има „пријател до крајот на животот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот