ЛЕГЕНДА: Продаден болидот со кој „царуваше“ Шумахер! (ФОТО+ВИДЕО)

фото:твитер

Германецот неодамна влезе во легендите на овој спорт, а уште еден доказ за тоа доаѓа од Абу Даби.

Таму болидот на Ферари „Ф2002“, кој го возеше своевремено Германецот, беше продаден на аукција за неверојатна цена од околу шест милиони евра.

Болидот го дизајнираа Рој Бирн, Рос Брон и Паоло Мартинели, а Шуми во 2002. и 2003. година со него освојуваше титули, триумфирајќи на голем број Ф1 трки.

фото:твитер
фото:твитер

Да потсетиме, откако во 2013. година доживеа несреќа на Алпите, неговата здравствена состојба е во строга тајност што ја побара семејството.

Во јавноста се појавија некои информации кои само ги заинтригираа навивачите на легендарниот возач, освојувач на седум титули, најмногу досега во Формула 1, зад него на оваа вечна листа е Луис Хамилтон со шест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот