ЛЕГЕНДА: Игра тенис 26 години и сè уште е без победа во кариерата

Италијанецот Енрико Бекучи во повеќе од две децении долгата кариера го загубил секој меч.

Бекучи има дури 47 години, игра тенис од 1994 година со постигнување достојно за Гинис, одигра 270 меча во кариерата и сите ги загубил.

„Вол Стрит Џурнал“ го нарече Бекучи „Легенда на челенџерите“ бидејќи 26 години нема ниту една победа, но Италијанецот не сака ја прекине кариерата се додека не оствари една победа.

– Играм за таа една победа, само една. Кога ќе победам, ќе се повлечам – изјави Бекучи.

Италијанецот игра и во поединечна конкуренција и во пароци, а последниот настап на тениски турнир му беше во декември минатата година кога на турнирот во Анталија загуби во двојки.

– Релативно доцна почнав да играм тенис, со девет години откако татко ми ми купи дрвен рекет. Се заљубив во тенисот, израснав со Лендл, Мекинро, Виландер, Конорс и генијалецот Гиљармо Виљас. Тенисот е мојата страст, а со натпревари почнав на 21 година. Знам дека е доцна, но имам само една цел – да победам – вели Бекучи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот