Легализацијата на бакшишот носи дополнителни 2 милијарди куни за локалната економија

Хрватска куна и монета од едно евро / Nangka Press / AFP / Profimedia
Хрватска куна и монета од едно евро / Nangka Press / AFP / Profimedia

Бакшишот во Хрватска се обидува да се легализира од 2019 година, а последните информации говорат дека проблемот може да се реши догодина.

Имено, при плаќање со картичка, само мал број ресторани имаат можност за безготовинско плаќање. Бакшишот се третира исто како плата, данок на доход и придонеси мора да се платат, а ако се плати со картичка, 50 отсто од сумата оди во државата, пишува Пословни хр.

Упатен е предлог до државните органи 10 отсто од износот по сметка да биде ослободен од данок на годишно ниво, до 25.000 куни по вработен, а над тоа да се плаќа само данок на доход без придонеси.

Покрај проблемот со бакшишот, индиректно е поврзан и проблемот со задржување на сегашниот кадар, а доколку се донесат предложените законски измени за бакшишот за вработените, тоа би значело и повисоки примања. Има три придобивки кога станува збор за бакшиш: зголемен приход на вработените во угостителството, мотивирана работна сила и подобра услуга и бенефит за целата економија преку лична потрошувачка.

Поставувањето праг од 10 отсто бакшиш по сметка би можело да претставува дури и до 2 милијарди куни дополнителен приход на годишно ниво во Хрватска, кој ќе се влее низ џебовите на вработените во домашната економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот