ВИДЕО | Лефков: Регистрирани многу нерегуларности, но очекуваме победа во многу општини
Многу позитивна енергија, но и голем број нерегуларности во денешниот и претходниот ден, за кои се поднесени соодветни пријави во ДИК, соопшти ВМРО-ДПМНЕ на првата прес конференција по затворањето на избирачките места. Од партијата велат дека е рано за првични резултати.
Забележавме нерегуларности и нарушување на изборниот процес, како и коруптивно делување. Вчера и завчера имаше кршење на изборниот молк, заплашување и притисоци од носители на јавни функции, како и злоупотреба на државни ресурси во партиски цели. Имавме брутален напад на медиумски работник во Прилеп, имаме бугарски воз, полнење на гласачки кутии во Сарај, за што поднесовме соодветна пријава во ДИК, рече пратеникот Миле Лефков.
Имаме отворени сомневања за поткуп во Прилеп, Охрид, Битола, Делчево и делови од Скопје, додаде Лефков.
– Граѓаните ја сфатија потребата за промена. Убедени сме дека во вториот круг ќе има поголема излезност и граѓаните ќе дадат дадат поддршка за промените. На власт во државата имаме гарнитура потопена во корупција. Во текот на вчерашниот ден забележавме кршење на изборниот молк, злоупотреба на државни ресурси како и обид за поткуп во Велес, Неготино, Битола, Охрид, Прилеп и некои делови од Скопје.
Имаме сомневања за обид за бугарски воз и за тоа е одговорна власта. Ќе почекаме официјални резултати, но верувам дека во многу општини ќе победиме. И покрај нерегуларностите, чувствуваме убава енергија од граѓаните, рече Лефков.