Лечиќ: Кошаркарите нека го израдуваат народот со победа над Естонците!

Лазар Лечиќ не е задоволен како одат работите во кошарката во Македонија/фото: kfsm.mk

Убава мотивирачка најава на македонската кошаркарска легенда на два дена пред почетокот на евроквалификациите во главниот град против Естонците…

Иако со многу години зад себе, најголем дел од нив во кошаркарските арени ширум Европа и поранешната држава, на Лазар Лечиќ не му беше воопшто тешко синоќа да дојде до А1 Арената „Борис Трајковски“, за да ги посети стручниот штаб предводен од селекторот Александар Тодоров, играчите и дел од раководниот тим на федерацијата.

Пред сè, да им даде подршка во реализацијата на планираните активности поврзани со претстојниот старт на квалификациите за ЕП 2021 година. Сите средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

В четврток (20. февруари) во А1 Арената СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје, нашите репрезентативци ќе го играат првиот натпревар од квалификациите против Естонија со почеток од 20.15 часот. Информации околу цената на влезниците ТУКА

– Навистина сум пријатно изненаден кога пред се себе гледам една млада, една полетна екипа. Со голем број на млади репрезентативци. Со млад, стручен тим. Мислам дека имаме одличен состав. И посакувам успешен старт во квалификациите, да го израдуваат овој наш народ со една победа против Естонија. Сите заедно треба да ги подржиме овие момчиња – рече Лечиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот