Лечиќ ги носи легендите од поранешна СФРЈ во Скопје – Слободен печат
КошаркаСпорт

Лечиќ ги носи легендите од поранешна СФРЈ во Скопје

Легендарниот кошаркарски тренер на прославата на 80. роденден која ќе се одржи во Александар Палас“ ќе „донесе“ многу врвни кошаркарски имиња од поранешна СФР Југославија.

Македонскиот олимписки комитет, МКФ, Агенцијата за млади и спорт, КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром, на 9 мај ќе организираат Академија по повод 80. роденден на легендата на кошарката на овие простори Лазар Лечиќ. Академијата ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ каде е највено присуство на врвни кошаркарски имиња од поранешната држава.

– Задоволство е што ваков настан ќе се одржи во Скопје. Доаѓаат многу луѓе од поранешната заедничка држава. Ние понекогаш не ги почитуваме нашите великани. Лечиќ е голема спортска фигура, а за тоа докажува огромниот интерес од легендите на овие простори кои сакаат да присуствуваат на овој настан, изјави претседателот на МОК, Васил Тупурковски и поранешен претседател на Кошаркарскиот сојуз на Југославија.

Еден од најдобрите македоски кошаркари, Благоја Георгиевски-Буштур изјави иницијативата со големо задоволство е прифатена од поранешните играчи и тренери со кои Лечиќ имал можност да работи.

– Со ова сакаме да му дадеме признание на Лазар Лечиќ за се што направи за македонската кошарка и за нас. Остваривме контакти со многу луѓе кои сакавме да дојдат во Скопје. Речиси сите наши покани се прифатени и тоа е доказ за белегот што го остави Лечиќ во македонската и југословенската кошарка – изјави Георгиевски.

На свечената академија своето присуство го најавија Петар Сканси, Иво Данеу, Ратко Тврдиќ, Владимир Цветковиќ, Божидар Маљковиќ, Богдан Тањевиќ, Мирко Новосел, Душан Ивковиќ, Александар Ѓорѓевиќ, Дино Раѓа, Никола Плеќаш, Жељко Јерков, Драган Кичановиќ, Панајотис Јанакис и многу дури големи кошаркарски имиња.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close