Леброн си купи нова куќа, цената е права ситница: 37 милиони долари (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс поведе во големото НБА финале против Мајами хит откако утринава славеше со 116:98 во првиот натпревар.

Првата ѕвезда на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс одлучи да се почести со нова куќа, која во целост го оправдува неговиот прекар „Крал“.

Куќата се наоѓа во елитната населба на Лос Анџелес, Беверли Хилс и нејзината цена изнесува 36.75 милиони долари.

Весникот Лос Анџелес Тајмс објави дека Џејмс е новиот сопственик на куќата која претходно беше во сопственост на легендарната водителка и режисерка на ТВ серии, Ли Филип Бел, која во февруари годинава почина на 91-годишна возразст.

Куќата има 9.100 квадратни метри, а на имотот има уште две дополнителни куќи кои се наменети за гости. Во куќата има кино, базен, тениски терен, патека за возење на мотори, фонтани и еден од најубавите погледи во Лос Анџелес, поглед со кој се гледа целиот град.

Интресно е што Џејмс дури и добро поминал што платил 37 милиони долари, бидејќи кога била ставена на продажба првичната сума која ја барале сопствениците изнесувала 52 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот