Леброн: Се надевам дека те направив горд, те сакам и ми недостигаш шампионе!

Фото: EPA/DIEGO AZUBEL

Леброн Џејмс беше еден од главните играчи на Лос Анџелес Лејкерс во освојување на титулата оваа сезона во НБА лигата.

„Кралот“ е свесен дека овој успех во неговата кариера е посебен, а истиот го сподели со еден од најдобрите играчи во кошаркарскиот свет, голем спортист и човек кој годинава загина во хеликоптерска несреќа, Коби Брајант. Во кобниот лет загинаа девет лица, меѓу кои и 13-годишната ќерка на Коби, Џиана, како и пилотот Ара Зобијан.

Брајант со „езерџиите“ успеа петпати да се закити со титулата во НБА.

– Се надевам дека те направив горд, мој брат!! Те сакам и ми недостигаш шампионе!! – напиша Џејмс на Инстаграм.

Потсетување дека во финалната серија Лејкерси со 4:2 успеаја да го совладаат составот на Мајами Хит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот