Леброн нема милост за својот поранешен клуб (ВИДЕО)

twitter/Los Angeles Lakers

ЛА Лејкерс оствари убедлива победа од 29 поени разлика над Кливленд кавалирс.

ЛА Лејкерс ја оствари 33 победа сезонава откако со 128:99 го совлада Кливленд кавалирс кој пак го забележа 28 пораз.  „Езерцата“ во натпреварот влегоа опуштено и тоа го искористи Кливленд кој ја доби првата четвртина со 21:27, а гостите имаа предност и на полувремето (47:48).


Тоа беше знак за ѕвездата на Лејкерси и поранешен играч на Кливленд, Леброн Џејмс, да ги земе работите во свои раце. Џејмс натпреварот го заврши со 31 поен на кои им додаде и осум асистенции, а лејкерси во второто полувреме успеаја да направат предност од 30 поени во однос на првиот дел. Освен Џејмс, одлична партија имаше и Двајт Хауард со 21 поен и 15 скокови.

Највозбудливиот натпревар се одигра во Сакраменто каде домашниот тим загуби со 112:114 од Орландо меџик. Победничките поени за Орландо ги постигна Арон Гордон во последната секунда. Никола Вучевиќ беше прв стрелец во победата со 26 поени, додека кај Сакраменто, рекорд во кариерата со 34 поени имаше Немања Бјелица забележа.


Неизвесно беше и во Портланд кој пред своите гледачи го совлада Шарлот со 115:112. Домашниот тим имаше предност од 16 поени на полувремето, но потоа во третиот дел Шарлот постигна дури 43 поени и ја врати неизвесноста. На крајот домашните кошаркари предводени од Демиен Лилард кој даде 30 поени беа поумешни и дојдоа до триумфот.


Резултати:
Детроит – Њу Орлеанс 110:117
Индијана – Филаделфија 101:95
Бостон – Чикаго 113:101
Минесота – Оклахома сити 104:117
Портланд – Шарлот 115:112
Сакраменто – Орландо 112:114
ЛА Лејкерс – Кливленд 128:99

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот