Леброн: Не ме интересира одморот, работата сè уште не е завршена

„Кралот“ Леброн Џејмс и на 36 години доминира на НБА паркетите/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Лос Анџелес Лејкерс дојде на само една победа од 17. шампионска титула откако во четвриот натпревар од големото НБА финале го совлада Мајами хит со 102:96.

Очекувано, најдобар на теренот беше Леброн Џејмс кој по натпреварот истакна дека иако неговиот тим има водство од 3:1 во победи, работата сè уште не е завршена и поради тоа, тој нема време за одмор.

Сите сфаќаме колкав е влогот, работата не е завршена. Имаме можност да ги одмориме нашите тела, но умот мора да биде остар. Ќе размислувам како да одиграме наредниот натпревар, ќе продолжам да работам и нема да спијам се додека работата на биде завршена. Во овие моменти одморот не ме интересира. Ќе можам да одморам цел месец откако ќе ја завршиме работата, но дотогаш мојот фокус е само на теренот – изјави Џејмс.

Првата ѕевзда на Лејкерси истакна дека со нетрпение го очекува наредниот натпревар против Мајами.
– По третиот натпревар во кој победија, самодовербата на играчите на Мајами е на високо ниво, а таа самодоверба ја имаат и по поразот во четвртиот меч. Имаат одличен тренер, и доколку сакаме да станеме шампионји мора да го имаме истиот став како и досега – додаде Џејмс.

Лејкерси на само една победа од шампионската титула (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот