Леброн на комеморацијата за Коби барал само една работа

твитер

Ѕвездата на ЛА Лејкерс присуствуваше на комеморацијата која се одржа во „Стејплс“ центарот, но ги замоли медиумите да не го фотографираат.

На 24 февруари во Лос Анџелес беше одржана комеморација во чест на Коби Брајант и неговата ќерка Џиана кои трагично загинаа во хеликоптерска несреќа минатиот месец.

Денот на комеморацијата беше намерно избран да биде на 24.2, во чест на броевите на Коби Брајант (24) и на Џиана (2). Голем број на сегашни и поранешни НБА ѕвезди присуствуваа на комеморацијата, а меѓи нив беше и Леброн Џејмс кој го немаше на фотографиите и на снимките, и тоа на негово барање.

– Коби ми е брат. Од моментот кога во средното училиште го гледав, па се додека не пристигнав во НБА лигата со 18 години и добро го запознав. Сите битки кои ги имавме за време на мојата кариера… Секогаш ја делевме одлучноста за победа – изјави Џејмс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот