Леброн му одговори на Златан: И тој се соочуваше со расизам
Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс експресно му одговори на фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, дека треба да ја батали политиката и да го прави тоа што најдобро го знае.
– Леброн е фантастичен во тоа што го прави но кога луѓето имаат некој статус одат во политика. Работи го тоа во што си добар. Јас играм фудбал бидејќи сум најдобар во тоа. Би бил одличен политичар доколку би се занимавал со политика. Тоа е прва грешка која луѓето ја прават кога ќе станат познати и кога ќе дојдат до одреден статус – изјави Ибрахимовиќ.
Леброн му одговори на фудбалерот на Милан по победата на неговиот тим над Портланд.
– Им зборувам на моите луѓе за расизмот, за социјалната неправда, системското гласање, притисоците за време на гласањето како и работите кои се случуваат во заедницата во која јас сум дел од неа. Гледам голем број деца во мојата заедница на кои им е потребен глас и јас сум тој глас. Нема шанси дека ќе се држам само за спортот бидејќи знам колку е моќен мојот глас. Чудно е што Златан зборува такви работи бидејќи тој е истото момче кои зборуваше дека во Шведска доживуваше исти работи. Бидејќи неговото презиме не е вообичаено во Шведска па таму чувствуваше расизам кога беше на теренот. Така зборуваше тој, и затоа е погрешно да бидам цел на напад – изјави Леброн Џејмс.