Леброн: Коби, ќе продолжам по твојот пат, дај ми сила од небото
Првата ѕвезда на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, за прв пат ги сподели своите емоции по смртта на неговиот пријател, Коби Брајант.
„ Мислам на тебе, на прекрасната Џиџи и на пријателството/братство/поврзаност која ја имавме. Се слушнавме во неделата Зборувавме во неделата наутро пред да тргнеме од Филаделфија за Лос Анџелес. Никогаш во милион години не би помислил дека тоа ќе биде последниот разговор што го имаме. Срцети ми се скрши, брату. Те сакам, постар брату. Ти ветувам дека ќе продолжам по твојот пат. Премногу ни значиш во „лејкерс“. Сега мојата должност е да ставам се на својот грб и да продолжам. Те молам давај ми сила од небото и внимавај на мене. Би сакал да кажам уште толку многу работи, но не можам да продолжам, се додека не се сретнеме идниот пат“ напиша Џејмс на својот профил на Инстаграм.