Леброн и Ирвин повторно заедно

EPA/ERIK S. LESSER

Двајцата кошаркари кои со Кливленд кавалирс ја освоија титулата во НБА лигата, можно е во наредната сезона повторно да играат во ист тим, во Лос Анџелес лејкерс.

Според новинарот Брајан Виндхорст, кој редовно дава точни информации во врска со Леброн Џејмс, постои голема шанса ова лето, на него во ЛА лејкерс да му се приклучи поранешниот соиграч, Кајри Ирвинг.

– Пред неколку месеци ќе ви кажев дека тоа е невозможно. Вратата за вакво сценарио беше зацементирана, но како одминуваше сезоната, така таа се поотвораше и сега се е можно. Ова го зборувам бидејќи имам информации дека Кајри Ирвинг размислува во таа насока, веќе се консултирал со неколку луѓе во врска со евентуалното доаѓање во ЛА лејкерс – вели Виндхорст.

Ирвинг пред две години, изјави дека не сака повеќе да игра во Кливленд кавалирс, бидејќи не сака да биде помошник на Леброн Џејмс и побара да биде разменет во тим во кој тој би го имал статусот на прва ѕвезда. Поради тоа, Ирвинг премина во Бостон селтикс но по две неуспешни сезони, тој јавно му се извини на Леброн поради лошите коментари и изјави дека еден ден повторно би сакал да биде соиграч со Џејмс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот