Леброн и Дејвис не дозволија ново изненадување и ја вратија неизвесноста во серијата со Хјустон (ВИДЕО)

epa08651879 Los Angeles Lakers forward LeBron James (L) reacts Los Angeles Lakers forward Anthony Davis (R) during the second half of the NBA basketball semifinal Western Conference playoff game two between the Houston Rockets and the Los Angeles Lakers at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 06 September 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

ЛА Лејкерс со победата од 117:109 израмнија на 1:1 во полуфиналето на Западната конференција против Хјустон.

Најдобриот тим во Западната конференција во регуларниот дел од сезоната, ЛА Лејкерс брзо се созеде од стартниот пораз и израмни на 1:1 во победи против Хјустон рокетс.

Лејкерси беа многу подобри од првиот натпревар, го поправија шутот но и игратата во одбрана со што не дозволија 22. постиигнати тројки на играчите на Хјустон да донесат ново изненадување.

„Езерцата“ уште во првата четвртина направија двоцифрена предност (36:20) и истата предност успеаја да ја задржат до полувремето. Во третата четвртина „ракетите“ го подигнаа нивото на игра, почнаа да погодуваат и тројки и ја вратија неизвесноста во натпреварот бидејќи тој период од играта го добија со 41:23. Во последната четвртина Хјустон влезе со предност од 92:90 но во тој период од играта доминираше Леброн Џејмс и буквално сам ја донесе победата за Лејкерси.

Кај победничкиот тим најпрецизен беше Ентони Дејвис со 34 поени и 10 скокови додека Леброн Џејмс имаше учинок од 28 поени, 11 скокови и девет асистенции. На спротивната страна, Џејмс Харден со 27 поени беше најпрецизен, а разочара Расел Вестбрук кој постигна само 10 поени.
Наредниот трет натпревар од плеј-оф серијата ќе се игра за два дена.

Најдобриот тим на Истокот, Милвоки бакс се спаси од елиминација откако со 118:115 го совлада Мајами хит и намали на 1:3 во победи.
Мајами одлично го започна натпреварот и веќе имаше двоцифрена предност, но во втората четвртина се враќа неизвесноста иако во тие моменти го загубија својот најдобар играч, Јанис Адетокумпо, кој се повреди.

 

Резултатската неизвесност беше присустна до самиот крај на натпреварот, а Милвоки имаше шанса да дојде до победата и пред продолжението од пет минути, но Донте Дивиченцо реализира само едно слободно фрлање за 107:107 на 1.9 секунди до крајот.
Во дополнителните пет минути, играчите на Милвоки беа подобри во одлучувачките моменти, а посебно расположен бешпе Крис Мидлтон кој со двете слободни фрлања на 3.4 секунди до крајот ги реши дилемите околу победникот.

Мидлтон беше најпрецизен на натпреварот со 36 поени, додека Адетокумпо до повредата постигна 19 поени и 13 скокова. Кај Мајами, Бам Адебајо имаше учинок од 26 поени и 12 скокови. Наредниот петти натпревар од плеј-оф серијата се игра за два дена, на 9. септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот