Леброн го има најдобриот костим за Ноќта на вештерките (ВИДЕО)

принтскрин

Во многу земји ширум светот вечерва се одбележува Денот на вештерките, но најпопуларен е во САД. Познатите личности обожуваат да се маскираат за денешниот ден, а имуни на тој тренд не се ниту најдобрите спортисти. Апсолутен победник во изборот на маски и костими е ѕвездата на ЛА Лејкерс,

Леброн Џејмс, кој одлучи да се маскира во Едвард раце-ножици, лик од истоимениот филм во кој главната улога ја имаше Џони Деп.

Џејмс при објавувањето на неколку слики на својот Инстаграм-профил напиша дека денеска го смени името во ЛеДвард раце-ножици.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот