Леброн ги однесе Лејкерси во големото НБА финале, прво по пауза од десет години (ВИДЕО)

epa08700368 Los Angeles Lakers forward LeBron James (C) reacts with teammates during the second half of the NBA basketball Western Conference finals playoff game five between the Denver Nuggets and the Los Angeles Lakers at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 26 September 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Лос Анџелес Лејкерс се пласираа во финалето на НБА лигата откако во петтиот натпревар во финалето на Западната конференција го совладаа Денвер нагетс со 117:107.

Денвер нагетс по два големи пресврти во претходните две плеј-оф рунди кога успеваше од негатива 1:3 во победи да се врати, овој пат немаше сили за трет таков подвиг и во големото НБА финале ќе игра ЛА Лејкерс и тоа благодарение на Леброн Џејмс. ЛА Лејкерс во петтиот натпревар славеа со 117:107 и со 4:1 во победи го совладаа Денвер.

Во петтиот натпревар од плеј-оф серијата Леброн Џејмс доминираше на теренот, остварувајќи трипл-дабл од 38 поени, 16 скокови и 10 асистенции, а одлична помош имаше од Ентони Дејвис кој средбата ја заврши со 27 постигнати поени.

 

Првата четвртина помина во израмнета игра на двете екипи, а по 12 минути игра Лејкерси имаа предност од три поени. Работата на „езерцата“ им ја олесни и најдобриот играч на Денвер, Никола Јокиќ кој во првото полувреме брзо направи три лични грешки и мораше да се седне на клупата, а Лејкерси тоа го искористија да направат двоцифрена предност.

Најголемата предност беше во третата четвртина кога таа изнесуваше 16 поени и тогаш се чинеше дека работата е завршена.

Но, Денвер успева да најде сили да се врати во игра, Џереми Грант и Џамал Мареј се разиграа и во финишот од четвртината се враќа неизвесноста (84:84). Крајот на третиот дел заврши со тројка на Дејвис, а во последните 12 минути, Денвер не успеа да се проближи поблиску од тие три поени. Во последната четвртина одговорноста ја презеде Леброн Џејмс и ги однесе своите Лејкерси во големото НБА финале, прво по пауза од десет години.

Покрај Џејмс и Дејвис, забележителна улога во победата имаа и Карузи и Грин со по 11 поени, додека во редовите на Денвер, Никола Јокиќ и Грент постигнаа по 20 поени, а Мареј еден помалку.

Противник на ЛА Лејкерс во големото НБА финале ќе биде подобриот од дуелот Мајами – Бостон, а во него „жешките“ водат до 3:2 во победи.
Интересно е што во последното финале на Лејкерси, пред десет години се сретнаа со Бостон и го совладаа со 4:3 во победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот