Леброн е број еден, Дончиќ четврти најдобар играч во НБА

леброн џејмс
ЛеБрон Џејмс / EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Американската телевизија ЕСПН направи листа на кошаркари од кои очекува да бидат најдобри во претстојната сезона која започнува на 22. декември.

Очекувано на првото место, односно најдобар играч во НБА е Леброн Џејмс кој минатата сезона му ја донесе 17. шампионска титула на ЛА Лејкерс.

„Кралот останува крал“, објаснува ЕСПН и очекува Џејмс да го предводи тимот во новата сезона во која се главни фаворити за титулата, а најдобрите игри од него ќе бидат во плејофот.

Веднаш зад Леброн Џејмс на второто место на најдобри играчи е неговиот клупски колега Ентони Дејвис. На третото место е МВП на лигата во последните две години Јанис Адетокумпо од кого ЕСПН очекува да го подобри шутот за три поени.

На четврото место е Лука Дончиќ кој е најмладиот кошаркар на ова листа на најдобри играчи.

Лука Дончиќ/EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Следниот голем НБА суперстар во својата втора сезона во НБА успеа да стане најмладиот играч избран во најдобрата петорка. Дончиќ беше импресивен во својот дебитантски плеј-оф настап против ЛА Клиперс постигнувајќи просечно по 31 поени, 9.8 скокови и 8.7 асистенции. Наредната сезона Дончиќ ќе го предводи Далас во победа во плеј-офот“, пишува ЕСПН за Дончиќ.

На листата на десетте најдобри кошаркари во НБА се наоѓаат уште и Каваи Ленард (ЛА Клиперс), Кевин Дурент (Бруклин), Демиен Лилард (Портланд), Стеф Кари (Голден Стејт), Џејмс Харден (Хјустон) и Никола Јокиќ (Денвер).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот