Леброн Џејмс ќе добие фантастичен соиграч, Вестбрук се прости од навивачите на Вашингтон

EPA-EFE/SAMUEL CORUM

Во ноќта кога беше одржан НБА драфтот, Расел Вестбрук потврди дека ќе го напушти Вашингтон визардс откако на социјалните мрежи се прости од навивачите.
Новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, кој речиси никогаш не греши кога станува збор за информациите во НБА, објави дека Вестбрук ќе се пресели во ЛА Лејкерс во замена за Кајл Кузма, Мотрезл Херел, Кентавиус Колдвен-Поуп и 22. избор од годинешниот драфт. Покрај Вестбрук, Лејкерси треба да ги добијат и изборите од втората рунда на драфтовите во 2024 и 2028 година.

„Благодарам Вашингтон. Од првиот ден со раширени раце ме дочекавте мене и моето семејство. Сите, од управата, до стручниот штаб, тренерите, соиграчите и навивачите. Благодарем сум што ми дадовте шанса и ме поддржувавте на секој чекор. Благословен сум што бев дел од оваа организација. Не ми требаше многу време за тука да направам свој дом. Засекогаш ќе бидам благодарен за искуството кои го стекнав во оваа организација“, напиша Вестбрук.
Вашингтон и Лејкерс нема да можат да ја официјализираат размената се до 6. август кога „селари капот“ треба да биде официјализиран за наредната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот