
Леброн до Мира Андреева: Среќен сум што ти помогнав да победиш во Индијан Велс
На необичен начин НБА ѕвездата и помогнала на руската тенисерка да триумфира во Индијан Велс и таа откри како
Руската тинејџерка и припиша заслуга на суперѕвездата на ЛА Лејкерс за нејзиниот триумф во калифорниската пустина.
Препорачано
НБА ѕвездата Леброн Џејмс изјави дека е среќен што и помогнал на Мира Андреева. Руската тинејџерка рече дека едно интервју на „кралот“, во кое тој зборуваше за важноста на менталната цврстина, ја инспирирало да го освои Индијан Велс.
Андреева (17) ја победи светската тенисерка број 1 Арина Сабаленка со 2-6, 6-4, 6-3 во финалето во Калифорнија и ја освои својата втора титула во низа од рангот ВТА 1.000, по нејзиниот успех во Дубаи минатиот месец.
– Тој рече дека дури и да не игра 100 отсто или дури и да не се чувствува 100 отсто физички, ќе избере да биде 100 отсто психички подготвен. Тој рече дека тоа е она што создава шампиони, па се обидов да ги послушам неговите зборови и да го покажам тоа на теренот – рече Андреева во интервју за Тенис канал.
LeBron James congratulates Mirra Andreeva on winning Indian Wells.
Her star keeps rising. ⭐️❤️ pic.twitter.com/c3vjdxBcoj
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) March 17, 2025
Џејмс, кој е стрелец број еден во историјата на НБА и четирикратен шампион. Тој и честиташе на Русинката за триумфот и ја повика да продолжи.
– Честитки! Среќен сум што помогнав. Но, искрено, ТИ го направи ОВА!! Целата твоја напорна работа, мотивација и посветеност на твојот занает. ПРОДОЛЖИ! Цели кон величина – напиша Леброн на Инстаграм.