Леброн Џејмс за историското постигнување: Ова делува нереално

твитер

Ѕвездата на ЛА Лејкерс го престигна Коби Брајант на третото место на листата на најдобри стрелци во историјата на НБА лигата.

Леброн Џејмс моменто има 33.655 поени, додека Брајант ја заврши кариерата со постигнати 33.643 поени. Сега пред Џејмс се наоѓаат само уште двајца кошаркари, Карл Мелоун со 36.928 поени и Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени.


– Мило ми е што воопшто ме споредуваат со Коби. Тој е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и сигурно еден од најдобрите во историјата на Лејкерси. Два негови дреса се закачени под сводовите на „Стејплс“ арената, и тоа е навистина лудо. Прв пат кога го запознав ми ги даде неговите патики. Сево ова што се случува делува нереално, но изгледа дека се е возможно доколку потполно се посветите – изјави Џејмс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот