Леброн Џејмс го напушта ЛА лејкерс?

EPA-EFE/MIKE NELSON

Леброн Џејмс по само една година, ќе го напушти ЛА лејкерс, шпекулираат дел од познати спортски новинари во САД. ЛА лејкерс повторно имаа катастрофална сезона, седма година по ред не обезбедија пласман во плејфот, иако на почетокот од сезоната го ангажираа Леброн Џејмс.

Неуспехот го зголеми незадоволството помеѓу навивачите на „езерцата“ кои вчера протестираа пред „Стејплс центар“, барајќи од управата да го размени Џејмс.

Познатиот новинар Стивен А. Смит, пред ТВ екраните откри дека од сопственичката на ЛА лејкерс, Џени Бас е побарано да го размени Џејмс.

Друг новинар, Брендон Робинсон, пак откри дека неименуван генерален менаџер на една од 30 НБА екипи, Денвер нагетс е сериозно заинтересиран да учествува во преговорите за размена со која би го ангажирале Леброн Џејмс.

Освен Денвер, според Робинсон, големи шанси за да го ангажира Џејмс има и Њујорк никс кој летово со сите сили ќе тргне по потписот со Кевин Дурант и конечно да ја нападне титулата во НБА лигата.
Засега нема никаква реакција од самиот кошаркар, кој во кариерата има освоено три шампионски титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот