ЛЕ: Ристевски и Адеми обезедија пласман во осминафиналето, Црвена звезда не загуби од Милан но е елиминирана

epa08844676 Dinamo Zagreb players celebrate during the UEFA Europa League group K soccer match between Wolfsberg and Dinamo Zagreb at the Woerthersee stadium in Klagenfurt, Austria, 26 November 2020. EPA-EFE/EXPA/DOMINIK ANGERER

Македонските репрезентативци Стефан Ристевски и Аријан Адеми ќе играат во осминафиналето во Лигата на Европа, откако нивниот тим Динамо Загреб и во реваншот од 1/16-финале славеше над рускиот Краснодар.
Динамо победи со минимални 1:0, а на првиот дуел во Русија славеше со 3:2.
И двајцата македонски репрезентативци беа едни од најдобрите играчи на натпреварот, а човек на одлука беше Оршиќ во 31. минута.

Црвена звезда е елиминирана во 1/16-финалето од Милан иако не загуби на двата натпревари. На првиот натпревар беше 2:2, додека на реваншот во Милано беше 1:1, но „росонерите“ поради повеќе голови на гости одат понатаму. Милан поведе со голот на Кеси во деветтата минута, но „црвено-белите“ израмнија преку Бен. Надежите за изненадување на Црвена звезда по исклучувањето на Марко Гобељиќ.

Вистинско изненадување приреди Славија Прага која славеше на гости кај Лестер со 0:2 и го елиниминира англискиот тим. Провод во 49. минута го најави изненадувањето, додека конечниот резултат го постави Сима во 79. минута.

Пласман во осминафиналето обезбедија и Рома која со 3:1 ја совлада Брага, како и Манчестер јунајтед кој ремизира играјќи без голови со Реал Сосиедад но залихата од првиот дуел (4:0) беше доволна за пласман во следната рунда.

Резултати:
Милан – Црвена звезда 1:1 (2:2 прв натпревар)
Рома – Брага 3:1 (2:0)
Баер Леверкузен – Јанг Бојс 0:2 (3:4)
Бриж – Динамо Киев 0:1 (1:1)
Динамо Загреб  – Kраснодар 1:0 (3:2)
Лестер – Славија Прага 0:2 (0:0)
Манчестер јунајтед – Реал Сосиедад 0:0 (4:0)
ПСВ – Олимпијакос 2:1 (2:4)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот