ЛЕ: Противниците на Интер со маски допатуваа во Милано! (ФОТО)

фото: твитер

Потсетување дека првиот меч во Бугарија заврши со триумф од 0:2 за Интер, а реваншот како што е најавено ќе се игра пред празни трибини.

В четврток на „Џузепе Меаца“ во Милано ќе се игра првиот натпревар од 1/16 финалето на фудбалската Лига Европа помеѓу екипите на Интер и Лудогорец.

Поради епидемијата на коронавирусот што го зафати северниот дел од Италија каде што освен фудбалски, се одложуваат и други спортски настани.

– Лично никогаш не сум видел нешто вакво – рече кондицискиот тренер на Лудогорец, Иван Диаз Инфантес за „Мундо Депортиво“, кој потоа додаде:

– Ова ги примени нашите планови, бидејќи требаше да останеме две ноќи во Милано. Градот треба да го напуштиме веднаш по завршувањето на мечот.

Потсетување дека првиот меч во Бугарија заврши со триумф од 0:2 за Интер, а реваншот како што е најавено ќе се игра пред празни трибини.

Бугарската екипа на Лудогорец допатува во Милано, не сакаше ништо да препушти на случајот, па играчите стигнаа во Италија опремени со медицински заштитни маски.

Возвратната пресметка в четврток меѓу Интер и Лудогорец ќе се игра од 21.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот