Ле Мер: Санкциите од САД се неприфатливо однесување

Ова не е однесувањето што се очекува од САД во однос на еден од нејзините главни сојузници, изјави францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер, јави дописникот на МИА.

Ле Мер истакна дека француските власти контактирале со новата Европска комисија за да разговараат за реакцијата на Брисел на заканите на администрацијата на Трамп и „да се уверат дека доколку би имало нови американски санкции, би имало и европски одговор, силен одговор”.

Неговата изјава уследи откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави дека планира да воведе дополнителни царини на увоз на француски производи во вредност од околу 2,4 милијарди американски долари, како одговор на француските зголемувања на даноците за американските технолошки гиганти како Гугл, Амазон и Фејсбук. Властите во САД најавија дека планираните царини за широк спектар на производи, од сирењето „Рокефорт” до женски чанти.

Додека француската државна секретарка за економија Агнес Паниер-Рунахер изјави дека Франција „не мора да се повлекува” од воведувањето данок на интернет гигантите

– Многу е јасно дека не мора да се повлекуваме од субјект што има економска смисла, а тоа е даночна правда … ние мора да бидеме борбени по ова прашање, посочи Паниер-Рунахер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот