Ле Мер: Економијата во франција со раст на БДП од 8 отсто во 2021.

Проценките се дека за две години Франција би можела да се опорави економски на ниво од пред почетокот на кризата.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер најавува опоравување на економијата во Франција во 2021 година.

Неговите очекувања се дека значителен пораст на францускиот БДП ќе има идната година и според неговите проценки тој би достигнал 8 отсто.

Во обраќање во националниот парламент, Ле Мер рече дека владата сака до 2022 година економијата да ја застане на нозе.

Проценките се дека токму за две години Франција би можела да се опорави економски на ниво од пред почетокот на кризата предизвикана од пандемијата од корона вирусот, односно економските активности да продолжат онаму каде што застанаа поради мерките преземени поради спречување на ширењето на Ковид – 19 кои ги парализираа економиите од цел свет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот