ЛЕ: Крај за Рома, Леверкузен си закажа дуел со Интер! (ВИДЕО)

фото: твитер

Баер Леверкузен и по вторпат го совлада шкотскиот Ренџерс и со вкупни 4:1 го елиминираше Ренџерс во осминафиналето на Лига Европа.

Стрелец на единствениот гол за германската екипа во минималниот триумф од 1:0 на „Бај Арената“ беше Диаби во 51 минута кога беше убаво пронајден од Арангуиз.

Во четвртфиналето на Лига Европа Баер на 10 август во Дизелдорф ќе ги одмери силите против Интер кој претходно го елиминираше Хетафе.

Поради коронавирусот Севиља и Рома одиграа еден натпревар, на неутралниот терен во Дуизбург Шпанците славеа со 2:0.

Двата погодоци беа реализирани во првото полувреме, во 22 минута за водство се погрижи Региљон кој се прошета низ одбраната на римската „волчица“ и ја смести топката во мрежата на Лопез.

Конечниот епилог беше поставен во 44 минута од страна на Ен Несири, после одличната соло акција на Окампос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот