ЛЕ: Јунајтед со „петарда“ за Бриж, ФК Копенхаген го шокираше Селтик! (ВИДЕО)

фото: твитер

Интер пред празни трибини по вторпат беше подобар од бугарскиот Лудогорец, одложен мечот Салцбург-Ајнтрахт Франкфурт (1:4).

Се дознаа нови патници во осминафиналето од фудбалската Лига Европa, помеѓу нив и две екипи кои можеби се и едни од најголемите фаворити за титулата оваа сезона во натпреварувањето.

После ремито на првиот дуел во Белгија (1:1), вечерва на реваншот на „Олд Трафорд“ Манчестер јунајтед со 5:0 го совлада и елиминира Клуб Бриж.

Прво во 23. минута кај гостите црвен картон доби Дели, и ваквата ситуација веднаш ја искористија „црвените ѓаволи“.

Стрелци на погодоците беа Фернандеш од пенал во 27. минута, Игало стрелаше во 34. после асистенцијата на Мата, а во 41. МкТоминеј ја затресе мрежата на Мињоле по додавањето на Фред. Токму Фред со уште два голови во вториот дел ги постави конечните 5:0.

Интер после победата од 2:0 во Бугарија, на својот стадион „Џузепе Меаца“, пред празни трибини поради епидемијата на коронавирусот, по вторпат беше подобар од Лудогорец (2:0).

Головите за „неро-аѕурите“ беа дело на Бираги во 32. минута после асистенцијата на Ериксен и Лукаку непосредно пред крајот на првиот дел.

Дуелот помеѓу Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт (1:4) е одложен поради силниот ветар од 120 километри на час. Севиља одигра без голови со Клуж, но оди понатаму благодарение на триумфот во Романија (0:1).

Голеада на мечот Бенфика-Шахтјор Доњецк (3:3), но Украинците се подобри во овој двомеч после победата од 2:1 во првите 90 минути.

Големо изненадување приреди ФК Копенхаген кој иако одигра 1:1 дома, го шокираше Селтик на гости славејќи со 1:3.

Хетафе иако загуби со 2:1 од Ајакс во Холандија, благодарение на победата од 2:0 на домашен терен се пласираше во следната фаза.

Претходно Спортинг Лисабон на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски доживеа елиминација на гостувањето кај турскиот Башакшехир во Истанбул (4:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот