ЛЕ: Јунајтед повторно ќе гостува во Шпанија, Јувентус против Спортинг

Веднаш откако беа извлечени паровите за четвртфиналето во Лигата на шампионите, се извлекуваа и паровите за истата фаза од Лигата на Европа каде што вчера се одиграа натпреварите од осминафиналето.
Како и во Лигата на шампионите каде што имаат три претставници и тука Италијанците се најбројни во најдобрите осум, но со два претставника (Јувентус и Рома), по еден имаат Англија (Манчестер Јунајтед), Португалија (Спортинг), Белгија (Ројал Унион), Холандија (Фејенорд), Шпанија (Севиља) и Германија (Баер Леверкузен).
Еден од фаворитите за освојувањето на ова натпреварување, Манчестер Јунајтед по Бетис повторно ќе игра со шпански противник, овојпат тоа ќе биде Севиља. Спортинг кој приреди изненадување и го елиминираше Арсенал сега ќе се сретне со Јувентус.
Фејенорд и Рома формираа пар кој е реприза на минатогодишното финале во Конференциската лига, додека Баер Леверкузен ќе биде фаворит против изненадувањето на сезоната во ЛЕ, Ројал Унион.
Ждребот сакаше во полуфиналето да се сретнат победниците од Манчестер Јунајтед – Севиља и Јувентус – Спортинг во првото полуфинале и преоснатите два пара во второто полуфинале.
ЧЕТВРТФИНАЛЕ ЛИГА ЕВРОПА
Maнчестер Јунајтед – Севиља
Јувентус – Спортинг
Баер Леверкузен – Ројал Унион
Фејенорд – Рома