ЛЕ: „Ѓаволски“ тешко, но Фернандеш ги решава сите проблеми! (ВИДЕО)

фото: твитер

Манчестер јунајтед дури во продолженијата успеа да го скрши отпорот на Копенхаген во четвртфиналето на фудбалската Лига Европа.

Денеска на стадионот во Келн англискиот претставник со 1:0 славеа против екипата од Данска и на тој начин се пласираше во полуфиналето.

Стрелец на единствениот гол за премиерлигашкиот гигант беше Фернандеш кој стрелаше од пенал во првото продолжение односно 94 минута. Претходно во казнетиот простор беше фаулиран Марсијал.

На 17 август играчите на менаџерот Оле Гунар Солскјер во полуфиналето на ЛЕ во Дизелдорф ќе ги одмерат силите против победникот од пресметката Вулверхемптон-Севиља.

Екипата од „Олд Трафорд“ ќе го брка своето второ финале во три години во ова натпреварување. Во 2017 година успеаја „црвените ѓаволи“ да ја освојат титулата откако во финалето беа подобри од Ајакс.

Интер во првото европолуфинале после 10 години! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот