ЛЕ: Фенербахче на Алиоски директно во осминафиналето, Мурињо и Рома преживеаа

Фото: Fenerbahçe/Twitter

Езгјан Алиоски и неговиот Фенербахче вечерва славеа со 0:2 против Динамо Киев и така го обезбедија првото место во групата „Б“.

Првото место во групата значи дека продолжуваат директно во осминафиналето. Головите за турскиот тим ги постигнаа Гулер и Арао во првото полувреме. Алиоски за Фенербахче ги одигра последните десет минути кога влезе на местото на Линколн.

Во директниот дуел за продолжување во Европа Рома со пресврт го доби Лудогорец. Бугарскиот претставник во 42. минута стигна до водство, но Рома со три гола во вториот дел направи целосен пресврт.

Во осминафиналето од Лигата на Европа продолжуваат: Ференцбарош, Реал Сосиедад, Фрајбург, Фејенорд, Арсенал, Бетис, Ројале Унион, Фенербахче.

Во шестнаестфиналето како второпласирани ќе разигруваат: Монако, Манчестер Јунајтед, Нант, Мидтјуланд, ПСВ, Рома, Унион Берлин, Рен. Треба да се знае дека тука доаѓаат и третопласираните екипи од Лигата на шампионите.

Како третопласирани во Конференциската лига продолжуваат: Трабзонспор, Шериф, Карабак, Лацио, Бодо/Глимт, Лудогорец, Брага, АЕК Ларнака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот