8 C
Скопје

ЛЕ: Евроголот на Нафиу ja „разбуди“ Шкендија, но Тотенхем ќе игра во плеј-офот (ФОТО+ВИДЕО)

Во рамките од третото квалификациско коло на Лига Европа вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје, екипата на Тотенхем славеше со конечен резултат 1:3 против македонскиот претставник Шкендија.

Многу рано уште во петтата минута играчите на Жозе Мурињо дојдоа во водство, одбраната на Шкендија не внимаваше најдобро, Сон убаво го пронајде Ламела кој само рутински ја испрати топката во мрежата на Захов (0:1).

Ерик Ламела стрелец на водечкиот гол за Тотенхем/Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Премиерлигашкиот гигант воглавно ја контролираше топката во првото полувреме, создавајќи уште неколку сериозни шанси, но без реализација. Тетовските „црвено-црни“ немаа ниту еден удар во рамките на голот каде што дебитираше новото засилување, голманот Џо Харт.

Во второто полувреме многу поагресивно и тоа резултираше со еден прекрасен погодок на Нафиу во 55 минута, немоќен беше гостинскиот чувар на мрежата (1:1).

Прочитајте и...  Тотенхем се посилен, Мурињо си договори засилување за зимскиот преоден рок

Како да им даде „крила“ овој погодок на играчите на Шкендија, па и натаму напаѓаа по голот на гостите, уште похрабро и посмирено делуваа фудбалерите на Ѓока знаејќи што сакаат во овој меч против големиот фаворит, а тоа е да се надигруваат и се борат за плеј-оф во натпреварувањето.

Валмир Нафиу со прекрасен гол за израмнување/Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Во 65 минута Ламела имаше убава можност со глава по вторпат да се запише во листата на стрелците, но за среќа покрај голот на Захов.

Загрижениот Мурињо за краток период направи три замени, Тотенхем повторно беше тој кој ја контролираше топката, нововлезениот Лукас шутираше во 70 минута, ударот го одбрани Захов, топката се одби до Сон кој на најдобар можен начин го искористи моментот и прецизно стрелаше за нова предност на лондонскиот клуб во Скопје (1:2).

Прочитајте и...  Позитивни на коронавирус во РК Металург, одложени мечевите со рускиот Чеховски!
Мевљан Мурати (Шкендија) во дуел со Сон Хјунг-мин (Тотенхем)/Фото: Драган Митрески/Слободен печат
Во борба за топка Деле Али (Тотенхем) и Антонио Павиќ (Шкендија)/Драган Митрески/Слободен печат

Се врати истиот Тотенхем од првото полувреме со целосна контрола на играта, а влегувањето на Кејн даде нова свежина. Во 79 минута Сон убаво нафрли точно до Кејн кој стрелаше за 1:3 кој практично значеше поставување на конечниот епилог и крај на сите надежи на Шкендија која достојно се прости од европското лето.

Мечот заврши со победа на Тотенхем кој во плеј-офот за учество во групите на ЛЕ ќе игра против Макаби Хаифа од Израел.

3. квалификациско коло
Лига Европа
Национална арена „Тодор Проески“ – Скопје

ШКЕНДИЈА-ТОТЕНХЕМ 1:3 (0:1)

Прочитајте и...  Добра вест од Италија: Рекорден број на излекувани пациенти од ковид-19 во еден ден

Нафиу 55`/Ламела 5, Сон 70`, Кејн 79`

Шкендија: Захов, Павиќ (Зејнулаи 77`), Бејтулаи, Кривак, Мурати, Дита, Тотре, Дориев (Мерџани 85`), Ахмеди, Нафиу (Рамадани 85`), Ибраими.

Тотенхем: Харт, Орие, Алдервирелд, Санчез, Дејвис, Ндомбеле, Винкс (Ло Селсо 59`), Бергвајн (Лукас 65`), Сон, Али (Кејн 60`), Ламела.

Поврзани вести

ВИДЕО: Во Молдавија протест на приврзаниците на новоизбраната претседателка Маја Санду

И.И.

Почина атлетичарот кој помогна да се фати убиецот на Роберт Кенеди

Слободен печат

ВИДЕО: Голема експлозија кај Бристол, има и жртви

И.И.

Османи: Договорот со Бугарија е решение, ќе се создаде предвидливост за негова примена

Слободен печат

Заев: Постигнат е напредок во Комисијата за историски прашања

Слободен печат

Шампионот се грижи за своите ѕвезди: По Леброн, Лејкерси му дадоа максимален договор и на Дејвис

Слободен печат

Остави Коментар