4 C
Скопје

ЛЕ: Еурофарм Пелистер поразен од Тримо Требње

Во својот четврти натпревар сезонава во Лига Европа екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето во Љубљана од Тримо Требње со резултат 28:24.

Битолчани воглавно беа рамноправни во поголемиот дел од средбата, во еден момент имаа и еден гол позитива во текот на првото полувреме (5:4).

Словенците беа тие кои ја имаа константно предноста која се движеше од еден до два разлика, во вториот дел неизвесноста траеше до 20:19, по што следуваа грешки и неискористени напади во клучните моменти, а  тоа ривалот знаеше да го казни и да направи серија од 6:1.

Причина за третиот пораз на македонскиот претставник беше и домашниот голман Томиќ кој забележа 15 одбрани, а на спротивната страна Трајкоски и Чаневски собраа вкупно пет интервенции. Кај стрелците во победничките редови по пет погодоци имаа Сарак и Поточник, а во поразениот состав истиот учинок го имаше и Мандалиниќ, четири голови беа дело на Велковски.

Прочитајте и...  Озил ги фрли Турците во транс: Никогаш повеќе Бундеслига, никогаш повеќе Германија

На табелата во групата „Д“ Еурофарм Пелистер е на претпоследната петта позиција со еден бод од четири одиграни мечеви, а Тримо Требње од два натпревари има максимални шест бодови на втората позиција.

Поврзани вести

Американска тениска легенда го предвидува шампионот на „Австралија опен“!

Слободен печат

Милевски после жрепката: Тешка група, Франција е топ фаворит!

Слободен печат

Очигледно правилата не важат за сите, Роналдо го чека казна!

Слободен печат

Стрезовски ќе ги води ракометарите во тандем со Лазаров!

Слободен печат

У21: Македонските надежи ги дознаа ривалите на патот кон ЕП 2023

Слободен печат

„Мисија Перм“: Подготовките на сениорите ќе стартуваат на 10 февруари

Слободен печат

Остави Коментар