ЛДП: Согласно европските искуства може да се применат и други економски мерки

Сите предлози кои доаѓаат од стручната јавност Владата со сериозност треба да ги разгледа без да избрзува и да носи одлуки под притисок на политичките партии кои може само да сугерираат и предлагаат.

Не е време за поентирање, туку секој да го даде својот придонес со конструктивни идеи за доброто на граѓаните, порачаа денеска од политичката партија ЛДП.  Од таму најавија дека нивниот економски тим работи на создавање идеи и предлози како да се надмине моменталната состојба и да се намалат економските последици од кризата.

Сите предлози кои доаѓаат од стручната јавност Владата со сериозност треба да ги разгледа без да избрзува и да носи одлуки под притисок на политичките партии кои може само да сугерираат и предлагаат.

Владата како орган кој ја има одговорноста треба да одлучи што е она што е можно и отимално во земјата. Ова е државна криза во која придонесот на сите е добредојден и која ќе ја надминеме заеднички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот